
Јувентус ќе му плати на Влаховиќ за да го напушти Торино!
Тој има уште една година од важечкиот договор со Јувентус, што значи дека следното лето би заминал без никаква отштета. Проблем за клубот претставува тоа што Влаховиќ е еден од најплатените фудбалери во Серија А, а неговата плата значително се зголемува во последната година од договорот – достигнувајќи 12 милиони евра нето. Според „Газета дело спорт“, напаѓачот дури е подготвен да ја преседи целата сезонана трибините, само за да ја добие целосната договорена плата, по што би можел да си замине како слободен играч.
Од Јувентус најавија дека во следните денови ќе се одржи состанок со претставниците на Влаховиќ, каде ќе биде предложена опција за спогодбен раскин на договорот, дури и со исплата на дел од огромната плата што ја има. Србинот досега одигра 145 натпревари за Јувентус, на кои постигна 58 голови со 14 асистенции. Во Торино пристигна од Фиорентина во јануари 2022 година за 83.5 милиони евра, а неговата моментална пазарна вредност изнесува 35 милиони евра.
ФОТО: EPA PHOTO