Јунајтед спушти рампа за Погба: Ниту за 200 милиони нема трансфер во Реал

Фудбалерот од средниот редна Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема да замине од тимот од „Олд Трафорд“ во Реал Мадрид дури ни за 200 милиони евра.

Според шпански „АС“, премиерлигашот е категоричен против трансферот, па поради тоа, Погба ќе мора да помине најмалку уште една сезона во Јунајтед.

Минатата сезона, 26-годишниот Французин настапи на 47 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 16 голови и забележа 11 асистенции. Неговиот договор со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар во моментов се проценува на 100 милиони евра.