Јунајтед планира да го засили нападот со играч на Брентфорд

Напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони би можел да ја продолжи својата кариера во тимот на Манчестер Јунајтед, објави гуруто за трансфери Фабрицио Романо.

Репрезентативецот на Англија е една од главните трансфер-цели на Јунајтед и тој може да се пресели на Олд Трафорд веќе претстојното лето. Неговата вредност се проценува на околу 50 милиони евра што е прифатлива сума за поранешниот шампион во Премиер лигата.

Тони дебитираше за англиската репрезентација во 2023 година, а постигна гол на последниот меч, против Белгија кога ја затресе мрежата од пенал. Во кариерата играл за Питерборо, Њукасл, Барнсли, Виган, Сканторп и Нортемптон.