Избодената ѕвезда на Монца ќе се врати на теренот во новата 2023 година
Мари беше опериран вчера и е во добра здравствена состојба, но сега ќе почека на кам-бек на теренот поради повредите и според најавите од Италија, Монца на него ќе може да смета дури од новата 2023 година. Тој има повреда на мускули на грбот, кои ги здобил со бодежот од напаѓачот.
Мари во болница ќе остане викендов по што ќе биде пуштен на домашно лекување
„За вакви повреди два месеци е периодот кој мора да помине пред да се вратите на физичките активности“, објавиле докторите.
Тој е фудбалер на Арсенал, кој летово дојде на едномесечен заем во дебитантот во Калчото.