Инѕаги е на слатки маки пред финалето од ЛШ, треба да одбере Лукаку или Џеко?

Лукаку со формата на последните натпревари, особено неговата игра на вчерашниот меч меѓу Интер и Аталанта, се наметнува за стартер во финалето од Лигата на шампионите иако во ова натпреварување Инѕаги го преферираше Џеко.

Ромелу Лукаку на вчерашниот меч против Аталанта уште во првата минута постигна гол, неговата игра додека беше на теренот беше одлична, тој доби високи оценки од италијанските медиуми за неговиот перформанс.

Во изминатиот период, Инѕаги стартуваше со Џеко во Лигата на шампионите, а Лукаку играше на мечевите од Серија А кога Босанецот требаше да се одмори.

Трите најголеми спортски весници во Италија, „Газета дело Спорт“, „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ потенцираат дека со својата игра Лукаку се наметнува да биде стартер во финалето против Манчестер Сити.

Се верува дека овие партии на Лукаку не можат да бидат игнорирани од Инѕаги, белгискиот фудбалер е во подобра форма од Џеко и шансите Лукаку да биде стартер во Истанбул се значително зголемени отколку што беа претходно.