Играше за Манчестер Јунајтед, сега преку Комунистичката партија се обидува да влезе во Парламентот

Поранешниот португалски репрезентативец Луис Нани имаше блескава играчка кариера во која освои речиси се што можеше, како на клупски, така и на репрезентативен план.

Играше во некои од најдобрите европски клубови, најмногу време помина во Манчестер Јунајтед (8 години), а во пензија замина лани од португалскиот клуб Амадора. Една година подоцна, Нани влегува во политиката и тоа преку Комунистичката партија на Португалија.

Утре во оваа пиринејска држава се одржуваат вонредни парламентарни избори, а Нани се наоѓа на списокот на кандидати од Комунистичката партија. Досега оваа организација имаше четири места во Парламентот на Португалија, едно во Европскиот парламент и 18 претседатели на општини што значи дека не е некоја од најсилните во земјата.

Во Парламентот на Португалија има 230 места, а Нани се надева дека ќе успее да заземе едно од нив и по фудбалската, ќе почне и политичка кариера.