Во Серија А вечерва може да заигра фудбалер роден 2010 година

Вечерва во Италија може да биде испишана нова историја и да го видиме најмладиот дебитант во историјата на Серија А.

Легендарниот Патрик Виера кој ја предводи Џенова според најавите би можел да му даде шанса на Роберто Скалионе, фудбалер кој е роден 2010 година и има 14 години и 132 дена.

Станува збор за фудбалер кој важи за еден од најталентираните во Италија и Виера сега изгледа е спремен да му даде одредена минутажа во сениорскиот фудбал.

Ако се остварат анајавите и Скалионе настапи тој ќе го сруши рекордот на Франческо Камарда од Милан кој во 2023 година дебитираше на 15 години и 260 дена.

Инаку, натпреварот помеѓу Џенова и Аталанта без резултатско значење бидејќи домаќините се сигурни на средината од табелата, додека Аталанта веќе го обезбеди учеството во Лигата на шампионите.

Средбата е закажана во терминот од 20:45 часот.

Фото: Genoa FC/FB