Голманот на Тиквеш се посрамоти за сите пари, ѝ подари гол на Струга! (ВИДЕО)

Струга израмни на гостувањето кај Тиквеш благодарение на една кардинална грешка на домашниот голман Филип Купанов која ја реализираше Христијан Малески.

Погодокот се случи во 31. минута кога Купанов наместо лесно да дегажира, тој тоа го направи несмасно, моментот будно го следеше Малески кој ја пружи ногата, ја удри топката и се израдува на голот за 2-2.