Борусија обезбеди ЛШ: Во последното коло го прескокна Фрајбург! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд иако пред денешното последно коло беше на петтата позиција сепак успеа да дојде до четвртото место со што „милионерите“ се пласираа во Лигата на шампионите наредната сезона.

Во денешниот натпревар Борусија играше против Кил кој од претходно ги загуби шансите за опстанок и славеше победа со сигурни 3-0. Победата ја најави Гираси со гол од пенал уште во третата минута. Ситуацијата за гостите стана уште потешка кога Јохансон заработи црвен картон во деветтата минута, па со два гола во вториот дел „милионерите“ само го потврдија триујмфот.

Фрајбург кој пред денешните натпревари беше четврти ја изгуби позицијата со поразот од третопласираниот Ајнтрахт на домашен терен од 1-3. Не изгледаше дека ќе има разочарување за домаќините кога Дон го отвори резултатот по половина час игра, меѓутоа гостите израмнија во самата завршница од првиот дел кога погоди Науф.

Во второто полувреме во перио од само две минути Кристенсен и Шакири во 61 и 63 минута обезбедија триумф за Ајнтрахт и го испратија Фрајбург во Лигата на Европа.

Заедно со Ајнтрахт и Борусија во Лигата на шампионите одат уште шампионот Баерн и второпласираниот Лверкузен, додека Мајнц обезбеди место во Конференциската лига.

БУНДЕСЛИГА 34 КОЛО:

Aугусбурт - Унион Берлин 1-2

Борусија Менхегладбах - Волфсбург 0-1

Борусија Дртмунд 3-0

Фрајбург - Ајнтрахт 1-3

Хајденхајм - Вердер 1-4

Хофенхајм - Баерн 0-4

Мајнц - Баер Леверкузен 2-2

Штутгарт - Лајпциг 2-3

Сент Паули - Бохум 0-2

Фото: Borussia Dortmund