Ибрахимовиќ сака да постави негов пријател за нов стратег на Милан

Милан има лоша сезона зад себе и поради тоа тренерот Стефано Пиоли ќе го напушти поранешниот италијански шампион на крајот на сезоната.

„Росонерите“ активно бараат негов наследник, а важна улога во изборот на нов тренер има и бившиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Листата со кандидати а нов стратег е долга, но Ибрахимовиќ сака на кормилото да постави негов бивш соиграч и пријател, а тоа е Марк Ван Бомел.

Ван Бомел во моментов го тренира Антверпен со кој минатата сезона на сензационален начин ја освои титулата во домашното првенство.