
Ибрахимовиќ предизвикал хаос во Милан пред дуелот со Ц. Звезда
Ибрахимовиќ има важна улога во раководството на Милан, а медиумите објавија дека тој е причината поради што спортскиот директор Антонио Д’Отавио си поднел оставка.
Д’Отавио беше дел од Милан од 2017 година, но со Ибрахимовиќ немал најдобри односи и поради тоа решил дека е најдобро да се раздели со „росонерите“.
Засега нема официјална потврда од страна на поранешниот италијански клуб, но наскоро се очекува нивна реакција.