Ибрахимовиќ ќе го избрка Консеисао, па и сам ќе си замине од Милан!

Болоња славеше во финалето на Купот на Италија со 1-0 против Милан, а тоа беше дополнителен удар за „росонерите“ кои имаат неуспешна сезона, поради која се најавени големи промени во поранешниот италијански и европски шампион, односно заминување на тренерот Сержо Консеисао, но и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Консеисао не успеа да си го спаси тренерското столче на „Сан Сиро“, па поради тоа ќе си замине на крајот на сезоната, но по негови стапки решил да тргне и поранешниот шведски напаѓач.

Швеѓанецот работеше во Милан како советник на газдата на клубот, а беше и неформален спортски директор, па по негова наредба се ангажираа засилувања и тренер.

Ибрахимовиќ направи три големи грешки со тренерите, односно најпрво го избрка Стефано Пиоли, а потоа го ангажира Пауло Фонсека кој се покажа како промашување. Потоа на негово место пристигна Консеисао, но не успеа да ги поправи резутлатите.

Standings provided by Sofascore