И небото над Фиренца се расплака за Давиде Астори (ВИДЕО)

Во 13-тата минута натпреварот помеѓу Фиорентина и Бенвенто беше прекинат во чест на починатиот Давиде Астори. Навивачите, фудбалерите и сите присутни на „Артемио Франки“ му аплаудираа на капитенот на „виолетовите“, а ултрасите имаа и специјална кореографија на трибините.

Случајност или не, но во моментот кога беше прекинат натпреварот почна да врне дожд во Фиренца и небото се расплаче за Астори. 

Фудбалерите на двата клуба интересно до 13-тата минута речиси и да не играа фудбал туку само ја подаваа топката меѓусебе колку да помине времето.