И Леверкузен руши рекорд со трансфер на фудбалер од Ливерпул!

Ливерпул ќе го урне клупскиот рекорд со ангажманот на Флоријан Вирц, но истото ќе се случи и на спротивната страна бидејќи Баер Леверкузен е пред ангажман на Џарел Кванса за сума која досега никогаш не ја платиле за купување на фудбалер.

Ова лето и Ливерпул и Баер Леверкузен ќе урнат клупски рекорди кога се трансферите во прашање и тоа по меѓусебни купувања.

Ливерпул наскоро ќе го комплетира трансферот на Флоријан Вирц за кој според последните информации ќе платат 137 милиони евра. Тоа ќе биде и рекорд во Премиер лигата.

Но, рекордна трансакција ќе се случи и во спротивен правец.

Неколку извори пренесуваат дека Баер Леверкузен е блиску до ангажман на младиот играч на Ливерпул, Џарел Кванса кој треба да биде замена за искусниот Џонатан Та кој се пресели во Баерн Минхен.

Наводно, за да го добие младиот дефанзивец, Леверкузен на Ливерпул ќе му плати 40 милиони евра, што ќе биде клупски рекорд за овој германски клуб.