Адеми го раскинал договорот со Динамо, познато и каде продолжува

Maкедонскиот фудбалер, Аријан Адеми наредната сезона нема да биде дел од Диамо Загреб.

Динамо и Адеми постигнале договор за спогодбен раскина на соработката која имаше важност до летото наредната година.

Хрватските медиуми тврдат и дека веќе е познат новиот клуб Адеми и тоа ќе биде унгарскиот прволигаш Ујпешт. Во овој клуб Адеми ќе соработува со Дамир Крзнар, поранешниот тренер на хрватскиот гигант кој сега работи во Унгарија.

Се споменуваа и други опции, но на крајот изгледа пресудила желбата на Адеми да соработува со добро познато име.

Ќе потсетиме, Динамо неодамна го напушти и Стефан Ристовски, па така ако работите не се променат до крајот на преодниот рок наредната сезона во таборот на гигантот од Загреб нема да има македонски фудбалери.