И Лацио потврди - Игор Тудор е нов тренер

Хрватскиот стручњак Игор Тудор е нов тренер на Лацио, потврди денеска италијанскиот прволигаш.

На клупата тој ќе го наследи Маурицио Сари кој минатата недела поднесе оставка на својата функција затоа што не чувствувал поддршка од управата на клубот. Тудор потпиша договор на 18 месеци што значи дека нема да го води тимот само до крајот на оваа, туку и цела идна сезона.

 

 

Во својата тренерска кариера, тој ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе и Верона.