И Хејнкес и Зидан ќе менуваат - најавени состави за мега дуелот во Мадрид

Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ се игра реванш полуфиналниот дуел помеѓу Реал и Баерн по кој ќе треба да го дознаеме првиот патник во големото финале во Киев.

Поради триумфот од 2-1 на гостувањето во Минхен, Реал ја има вечерва фаворитската улога и е на добар пат да стигне до уште едно финале, трет по ред.

Од друга страна, Баерн е клуб кој низ историјата е познат како тим кој не се предава, па поради тоа и минималната негатива од првиот дуел воопшто не делува страшно, доколку се знае дека Баерн се враќал и од многу полоши ситуации.

Вечерва и двајцата стратези ќе имаат големи проблеми околу составувањето на стартните 11. Особено Јуп Хејнкес, кој поради повреди ќе мора да менува неколку стандардни првотимци.

Кај Баварците вечерва сигурно ќе ги нема Робен, Боатенг, Видал, Ноер и Коман, а неизвесен е и настапот на Алаба. Од друга страна пак, Зидан не може да смета на повредените Карвахал и Иско, а затоа се очекува враќање во првиот состав на Бензема.

Веројатни состави:

Реал Мадрид: Навас - Начо, Рамос, Варан, Марсело - Модриќ, Крос, Касемиро - Асенсио, Бензема, Роналдо.

Повредени: Карвахал, Иско
Неизвесен: Начо

Баерн: Улрих - Кимих, Хумелс, Зуле, Алаба - Мартинез, Тијаго, Хамес, Милер, Ривери - Левандовски

Повредени: Ноер, Боатенг, Видал, Робен, Коман
Неизвесен: Алаба

Главен арбитар на вечерашното дерби ќе биде турскиот судија Џунејт Чакир.