И Еспањол потврди: Платена откупната клаузула за Гарсија, голманот се сели во Барса

Она што се шпекулираше претходните денови, денеска доби официјална потврда откако Еспањол објави дека е платена откупната клаузула за голманот Жоан Гарсија.

Според правилата на лигата, клаузулата ја платил лично голманот, но со донација од Барселона која на неговата сметка ја уплатила бараната сума. Отштетата изнесува 25 милиони евра, плус данок со што 24-годишниот голман официјално станува слободен играч.

Се очекува наскоро, можеби до крајот на денешниот ден, а најдоцна до крајот на работната недела, Барса да го официјализира трансферот на новиот голман.