И Баерн ќе почне да „фрла“ пари - 110  милиони евра за Дибала!

Mинхенски Баерн одлучи во претстојниот трансфер период да вложи огромни средсства во засилувања, а прв на листата желби е Пауло Дибала.

Славниот клуб од Германија е подготвен да издвои дури 110 милиони евра за фудбалерот на Јувентус.

Досега Баерн воглавно вложуваше во млади фудбалери, но веќе по четвртата елиминација во последните пет години во полуфиналињата од Лигата на шампионите, ќе ја смени политиката на клубот.

Како што пишува Кориере дела Сера, Баерн веќе ги остварил првичните контакти со Јуве околу Аргентинецот и добил зелено светло да почне сериозни преговори околу трансферот.

Јувентус, а особено тренерот Масимилијано Алегри, не е против продажба на 24-годишниот играч за врска за кого уште се заинтересирани Реал и Барселона.