Хрват игра фантастична сезона во Ла Лига: Само Мбапе и Левандовски се пред него

Хрватот Анте Будимир кој има одлична сезона зад себе вчера беше стрелец и во триумфот на Осасуна над Жирона од 2-1 во рамките од 31 коло во Ла Лига.

Со овој гол Будимир стигна до својот 16-ти гол во првенството на Шпанија и пред него се само ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид, Роберт Левандовски и Килијан Мбапе.

Нема дилеми дека ова е најдобрата сезона во кариерата на хрватскиот напаѓач, а исто така и Осасуна игра солидна сезона во која се наоѓа на 12-тата позиција со 38 бода по 31 натпревар.