
Хенес ја пецна Барса: Баерн не смее да го направи тоа што го направија Каталонците!
Хенес вели дека Баерн Минхен не смее безглаво да троши во текот на преодните рокови за да не го снајде примерот со Барселона.
„Ние решивме да немаме нови перманентни потпишувања по доаѓањето на Диаз бидејќи треба да обрнеме внимание на финансиската ситуација“, вели Ули Хенес.
„Ја имате Барселона како пример за тоа што ќе ви се случи доколку само купувате, купувате, купувате и на крајот ќе завршите со долг од 1,2 милијарди долари и потоа не можете да правите ништо“.