
Халанд удрил жена во тилот, таа тврди дека добила повреди на вратот и потрес на мозокот
Таа тврди дека дека била удрена во тилот од норвешкиот напаѓач пред мечот со Саутемптон во октомври по што итно била префрлена в болница со тешки повреди на вратот и потрес на мозокот. Жената, која повремено работи како маскота, а најчесто во канцеларија за продажба на билети, го пријавила инцидентот во клубот, а потоа и в полиција по што е почната истрага против Халанд.
Таа изјавија дека била во шок по несреќата која се случила додека позирала за фотографијата како маскотата Мунбим. Халанд не ја удрил за да ја повреди, туку на шега, веројатно не сфаќајќи дека малку претерал со силината на својот удар.
Сепак, портпаролот на Манчестер Сити за Сан изјавил дека клубот го истражил случајот и утврдил дека ниеден доказ, вклучувајќи видео снимки, не потврдиле дека до повредата дошло на начинот на кој било пријавено. Исто така, додаде дека се известени за пријавата во полиција, но дека оттаму одлучиле да не преземаат дополнителни чекори.