
Халанд брзо ќе си замине од Манчестер сити поради – лош однос со Пеп?!
Халанд летоска дојде во Сити за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд и досега даде 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања, но и покрај тоа, Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиерлигата со пет бода зад Арсенал
„Национал“ тврди дека Халанд има лош однос со Гвардиола, кој од неколку фудбалери е обвинет дека креирал лоша атмосфера во соблекувалната, а еден од петмината незадоволни веќе си замина, Жоао Кансело во Баерн Минхен.
Покрај него, сигурно на лето поради лошиот однос со менаџерот ќе си одат и Бернардо Силва, Кајли Вокер, Емерик Лапорт, како и Илкај Гундоган, кој наводно веќе има договорен трансфер во Барселона како слободен играч
За Реал Мадрид и Флорентино Перез вестите за нарушениот однос на Халанд и Гвардиола се добредојдени, тие во Норвежанецот го гледаат наследникот на Бензема и се верува дека само прашање на време е кога тој трансфер ќе се реализира.