Гвардиола ги надмудри „лисиците“: Жесус му донесе три бода на Сити (ВИДЕО)

Манчестер сити го доби англиското дерби против Лестер со 1-0 во 27. коло од англиската Премиерлига, а херој на екипата на Пеп Гвардиола беше Габриел Жесус.

На „Кинг Пауер“ беше одигран возбудлив натпревар, а првата голема шанса Сити ја имаше преку Серхио Агуеро, кој промаши пенал, по што беше заменет од Жесус.

Токму Жесус во 80. минута успеа да постигне гол и да им ја донесе победата на гостите.

Ливерпул е прв со 76 бодови, Сити има 57, Лестер 50, а Челси ги затвора топ-4 со 44 бодови.