Гримсби играл со нерегистриран фудбалер против Манчестер јунајтед во Купот

Нисколигашот Гримсби успеа да го шокира Манчестер јунајтед на пенали во Лига Купот, но на натпреварот настапил фудбалер кој немал право да игра против премиерлигашот.

Кларк Одуор влезе во игра против „ѓаволите“ во 73. минута од мечот, но фудбалерот бил доцна регистриран за натпреварот, односно една минута по дозволеното време.

Гримсби сам го пријавил случајот и нивниот пропуст, по што бил казнет со 20.000 фунти, но екипата нема да биде исфрлена од натпреварувањето.

Фото: Facebook/Grimsby Town Football Club