
Грчкиот газда на Нотингем форест и официјално го избрка Нуно Еспирито Санто!
Доцна во ноќта англискиот клуб и официјално ја потврди разделбата со португалскиот стратег кој лани имаше одлична сезона со Нотингем форест, но тоа не беше доволно за да се задржи подолго на клупата на овој тим.
Во последно време двете страни имаа големи недоразбирања, дури и јавни препукувања во медиумите, па не беше возможно ситуација да се подобри.
Наскоро се очекува Нотингем форест да назначи нов тренер, а како опции се споменуваат Анже Постекоглу, Жозе Мурињо и Марко Силва.