Земјотрес ја прекина прес-конференцијата на грчкиот селектор (ВИДЕО)

Грција беше декласирана од Данска со 0-3 во квалификациите за Светското првенство (СП), а селекторот Иван Јовановиќ го дочека неочекувана ситуација на прес-конференцијата.

Додека зборуваше пред новинарите се случи силен земјотрес, кој во еден момент ја прекина прес-конференцијата, а тоа може да се погледне на 26.40 од видеото.