Голманот на Реал Мадрид за инат ќе го доработи договорот, па ќе си замине – без пари!

Голманот на Реал Мадрид, Андреј Лунин, ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што во неговиот случај значи и крај на договорот, по што ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч и мадридскиот гигант нема да профитира од неговото заминување.

Украинецот беше прв голман на клубот минатата сезона, но враќањето на Тибо Куртоа по повредата и операцијата на менискусот на десното колено значеше нова преселба на клупата, како што покажа на почетокот на сезоната. Белгискиот голман е неприкосновен меѓу стативите, а незадоволниот Лунин е само меѓу оние кои даваат поддршка од клупата.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е подготвен да се откаже од него за отштета од 20 милиони евра, но и дека во моментов никој не сака да го ангажира за тие пари. Поради ова, Лунин решил да го доработи договорот, што значи дека на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да преговара за подобра плата. Тој може да ги започне преговорите веќе во јануари.

Трансфермаркт го проценува на 25 милиони евра.