Голманот на Арсенал се расплака по освоениот трофеј во ФА-купот (ВИДЕО)

Арсенал го освои ФА-купот со триумфот против градскиот ривал Челси во финалето на „Вембли“,  а по мечот емоциите го совладаа голманот на „топчиите“, Емилијано Мартинез.

По 10 години во клубот и шест позајмици, Мартинез конечно доби шанса на голот на Арсенал бидејќи претходно се повреди Бернд Лено.

Мартинез по триумфот покажа колку многу му значи трофејот, па така низ солзи едвај собра сила да даде кратка изјава.

Чуварот на мрежата на 17-годишна возраст го напушти своето семејство и родната Аргентина, па пристигна во Арсенал.