Големиот шпански талент кој се „загуби“ во С. Арабија, е пред враќање во Европа и тоа во гигант!
И покрај тоа што имаше само 21 година, во летото 2023 година Габри Веига кој важеше за еден од најголемите таленти на шпанскиот фудбал, замина за Саудиска Арабија, потпиша за Ал Ахли.
Фановите дури и го заборавија, но очигледно останал во нотесот на големите клубови, па тие уште работат на негов ангажман.
Последните информации се дека Реал Мадрид и Манчестер Сити се во трка по неговиот потпис. Се чини дека е само прашање на време кога ќе се врати во Европа.