Јауковиќ ги потопи Србинките, Црна Гора славеше во балканското дерби
Црногорките постојано беа во водство и покрај тоа што вкупно 14 минути играа со ракометарка помалку поради седумте исклучувања. Во првите 19 минути Србија успеа да постигне само два гола, нешто подоцна се доближи на 6-7, но на полувреме се замина со 11-8 за Црна Гора.
Многу работи беа решени на стартот од второто полувреме кое Црногорките го отворија со серија од три гола за водство од шест разлика. Србија се закани кога дојде на 15-18, но со два гола во низа, црногорската селекција стави точка на мечот.
Убедливо најдобра ракометарка беше црногорската репрезентативка Ѓурѓина Јауковиќ која постигна безмалку половина од головите на својот тим - 11, од кои пет од пенал. Во српската селекција најефикасна беше Јововиќ со седум гола.
РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО
ГРУПА Б
Црна Гора - Србија 24-18
Романија - Чешка 29-28
ГРУПА Д
Данска - Хрватска 34-26
Швајцарија - Фарски Острови 28-25
ГРУПА Ф
Германија - Украина 30-17
Холандија - Исланд 27-25