Ракометарите на Алкалоид одиграа уште еден одличен натпревар и направија голем чекор кон осминафиналето откако денеска во Скопје го победија Австрискиот Вест Виен со 38-27.

Освен почетните моменти кога гостите поведоа со 0-2 натпреварот помина комплетно во знакот на македонскиот претставник кој доминираше на теренот.

Брзо избраниците на Кире Лазаров наметнаа темпо кое противникот не можеше да го следи, па предноста на средина од првиот дел изнесуваше и највисоките седум разлика (13-7).

Таа предност Алкалоид ја одржуваше и до пред крајот на првото полувреме кога Вест Виен успеа да намали и на одмор да замина со шест негатива (17-11).

Добрата игра на Алаклоид продолжи и во вториот дел, па така стигнаа до двоцифрено водство (26-16). До крајот на средбата сликата во Автокоманда не се промени, па Алкалоид оствари убедлив триумф од 11 голови со кој веќе со една нога е во осминафиналето.

Најдобар стрелец беше Александар Петковски со десет гола, пред Мартин Серафимов со осум и Марко Митев со седум гола. Кај голманите, Иван Галевски запиша десет одбрани, Благојче Трајковски шест.

Реваншот се игра утре во терминот од 19:00 часот исто така во Скопје.