Оклахома е најдобра на Западот, го почувствуваа тоа и Лејкерс (ВИДЕО)
Уште во првата четвртина, лидерот на табелата направи двоцифрена предност (18-8), но домаќините успеаја да се вратат во игра и во вториот период дури и да го преземат водството по серијата од 6-0 (48-45). Во второто полувреме Оклахома отиде и на +9, Лејкерс пак направија пресврт, но не можеа да го издржат тоа темпо.
Победникот го реши првата ѕвезда во тимот на Оклахома, Шеј Гилџес Александер. Во последниот период ја врати предноста на својот тим, а точка стави Џеј Вилијамс со забивање на 18 секунди пред крајот.
Гилџес Александер беше најдобар играч на мечот со 36 поени, 7 скока и 9 асистенции, Вилијамс додаде 19 поени, а Дорт 14. Кај Лејекрс повторно се истакна дебитант Нехт кој постигна 20 поени, Дејвис оствари дабл дабл со 15 поени и 12 скока, а Расел заврши со 17 поени.
Оклахома е прва на Западот со 15 поени и 4 порази, зад неа е Хјустон со 14/6, а потоа се Голден Стејт и Мемфис.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Њујорк 98-99
Атланта - Кливленд 117-101
Мемфис - Њу Орлеанс 120-109
Бруклин - Орландо 100-123
Минеоста - ЛА Клиперс 93-92
Мајами - Торонто 121-111
Чикаго - Бостон 129-138
Индијана - Детроит 106-130
ЛА Лејкерс - Оклахома 93-101
Портланд - Сакраменто 115-106