Нов проблем за Реал: Ла Лига поднесе жалба против Винисиус за - пиратерија

Во екот на проблемите со повредени играчи и лошите резултати во Лигата на шампионите, Реал Мадрид се најде во нова неволја во која во центарот на вниманието е Винисиус.

И Бразилецот е меѓу повредените поради што не играше против Ливерпул на Енфилд, но на социјалните мрежи постави фотографија како од својот дом во Мадрид го следи мечот на телевизија. Проблем прави каналот на кој го гледал натпреварот бидејќи станува збор за телевизија која ги нема регулирано телевизиските права во Шпанија за дуелите од Лигата на шампионите.

„Тоа е пиратерија. Кога си во Шпанија, натпреварите од Лигата на шампионите треба да ги гледаш на друга телевизија“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Поради тоа, тој во името на Ла Лига поднел жалба против Винисиус, како и протестно писмо до Реал Мадрид и не е исклучено бразилскиот репрезентативец да биде парично казнет за својот „пропуст“.