Официјално: Ван Нистелрој нов тренер на Лестер
Ван Нистелрој во Лестер пристигнува по заминувањето од Манчестер јунајтед каде што го водеше тимот на четири натпревари како привремен тренер до доаѓањето на Рубен
Аморим и во тие дуели „црвените ѓаволи“ запишаа три победи и едно реми.
„Горд сум и возбуден што ќе водам клуб како Лестер. Сите во клубот се ентузијасти и имаат одличен проект. Ќе дадам се од себе за да придонесам за подобри резултати на клубот“, изјави Ван Нистелрој.
Лестер потврди и дека Ван Нистелрој ќе присуствува на трибините во утрешниот натпревар кој овој клуб ќе го игра против Брентфорд на гостински терен од 16:00 часот. На клупата холандскиот стратег го наследува Стив Купер кој доби отказ по пет месеци.