Големи три бода за Арсенал од Вила Парк (ВИДЕО)

Арсенал со 2-0 победи на тешкото гостување кај Астон Вила, Тросар и Парти беа стрелци на головите за топчиите.

Астон Вила, особено со Унаи Емери важеше за исклучително тежок противник за Арсенал, но момците на Артета овојпат победија и тоа на гостински терен.

По само две минути откако влезе во игра, Тросар постигна гол за водство на Арсенал од 1-0. Тоа беше 67. минута.

Десет минути подоцна Парти погоди за предност од 2-0, што беше и конечен резултат на натпреварот.