Голем пресврт: Лион ќе остане во француската елита!

Седумкратниот француски шампион Лион ќе остане во Лига 1 и следната сезона, откако беше прифатена жалбата од страна на Апелациониот одбор на Дисциплинската комисија на француската лига.

Газдите на Лион успеаја да обезбедат финансиски гаранции кои беа прифатени, по што беше поништена првичната одлука за исфрлање на поранешниот шампион во понизок ранг.

Новата претседателка на клубот, Мишел Канг и останатото раководство за само три недели успеаја да ги решат проблемите и да го спасат клубот.

Лион ќе ја почне новата сезона во Лига 1 на 17 август со гостување кај Ланс.

Фото: Facebook/ Olympique Lyonnais - OL