
Го сакаа Јувентус и други екипи, а тој потпиша договор со Динамо Загреб
Динамо преку социјалните мрежи потврди дека Јакировиќ потпишал професионален договор со екипата и ќе остане во Загреб и во следниот период.
Јувентус претходно испрати понуда од 1,5 милиони евра за младиот талент, но Динамо не го прифати предлогот затоа што смета дека вредноста на Јакировиќ драстично ќе се зголеми во иднина.
Калчолигашот не бил единствен тим кој го сакал потписот на Јакировиќ, туку за него се борел уште еден тим од Серија А, но и еден од Ла Лига.
Фото: GNK Dinamo Zagreb