
Гасперини ја презема Рома, на негово место - Мота!?
Познато е дека Клаудио Раниери нема да остане на функцијата по завршувањето на оваа натпреварувачка кампања, а менаџментот на римскиот клуб е едногласен дека надобра замена би бил Гасперини. Актуелниот тренер на Аталанта изјави дека не планира да го продолжи договорот со Ла Деа, но можно е да си замине една година пред неговиот истек бидејќи тој е со важност до 30 јуни 2026 година. Самиот тој рече дека е поласкан од интересот на Рома и дека би му претставувало голема чест да води таков клуб.
Ако Гасперини навистина си замине, Аталанта ќе мора да бара негова замена, а италијанските медиуми тврдат дека веќе има неколку кандидати за позицијата.
Прв меѓу нив е довчерашниот тренер на Јувентус, Тијаго Мота кој уште живее на славата на резултатите постигнати со Болоња и покрај тоа што имаше очаен ефект со торинскиот клуб. Покрај него, во комбинација се уште Маурицио Сари, Винченцо Италијано, Франческо Фариоли, како и Игор Тудор кој е наследник на Мота на клупата на Јувентус.