Галатасарај го понижи Едерсон - испрати мизерна понуда за негов трансфер

Бразилскиот репрезентативец Едерсон влегува во последната сезона од неговиот договор со Манчестер Сити и клубот нема против да го продаде ова лето.

Иако нема резерва варијанта, во редовите на поранешниот англиски првак се подготвени да се вратат на пазарот во потрага по голман ако за тоа има потреба. Сепак, првата понуда која пристигна на адреса на Сити за Едерсон е најблаго кажано - мизерна.

Ја испрати турскиот шампион Галатасарај кој за искусниот и трофеен голман нуди само три милиони евра. Оваа сума не ги задоволува барањата на Сити, а Едерсон нема потреба да брза со одлуката бидејќи се уште е прв голман на „граѓаните“. Во случај, сепак, да дојде до трансфер, Сити ќе се обиде да го донесе чуварот на мрежата на Порто, Диого Коста.