
Галата ќе треба да понуди повеќе за да го добие Осимен, Наполи им ја одби првата понуда!
Осимен веќе ги има договорено личните услови со Галатасарај, па турскиот клуб се обидува сега да се договори и со Наполи, но нема да биде лесно.
Галатасарај ја испратил првата официјална понуда до Наполи, но одговорот бил негативен. Таа изнесувала 60 милиони евра.
Осимен во договорот со Наполи има откупна клаузула од 75 милиони евра, па италијанскиот клуб ја бара таа сума.
Се верува дека во преговорите може и да ја спуштат цената, но таа мора да биде повисока од 60 милиони евра. Се очекува деновиве Галатасарај да се врати со нова понуда.