Тотнем сакале да вметнат клаузула за трофеи во договорот на Кудус, во Вест Хем им се изнасмеале!

Тотнем прави напори да го обезбеди потписот на Мохамед Кудус, но Вест Хем нема намера евтино да се ослободи од својот играч.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотнем доставил понуда од 50 милиони фунти во која имало и клаузула за бонуси доколку освојат Премиер лига или Лига на шампиони.

На ваквиот предлог луѓето во Вест Хем се изнасмеале и им одговориле на претставниците на Тотнем дека треба да бидат малку посериозни. Понудата била експресно одбиена. 

Тотнем минатата сезона ја освои Лига Европа и го прекина постот од 17 години без трофеј, но сите знаат дека Премиер лигата и Лигата на шампионите се преголем залак за нив.

Мохамед Кудус има откупна клаузула од 85 милиони фунти во договорот со Вест Хем кој не сака ни да почне разговори доколку нема гарантирана сума од 60 милиони евра, па потоа да почне да се дискутира и за некакви бонуси.