Легија тргнува по Дарко Чурлинов!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов би можел да остане во Полска, но да заигра за Легија Варшава која е заинтересирана за неговиот потпис.

Чурлинов минатата сезона ја мина на позајмица во Јагелонија по што се врати во Барнли, но се чини дека нема да остане во англискиот клуб.

Според полските медиуми, Чурлинов е мета на Легија Варшава која веќе го контактирала Барнли.

Македонскиот фудбалер има договор со англискиот клуб на уште една година.

Чурлинов минатата сезона за Јагелонија играше на дури 43 натпревари на кои постигна седум голови и имаше четири асистенции.