
Ѓоковиќ: Голема чест ми е што Федерер ме гледаше!
Во говорот по мечот Ѓоковиќ упати зборови и за Федерер кој беше на трибините.
„Сакам да победам со 3-0 да бидам искрен. Сепак, мечевите се се потешки, Алекс веќе некое време е во топ 10. Особено е незгоден на оваа подлога, па затоа бев и малку нервозен. Понекогаш сакам да имам сервис-волеј како овој господин тука (Федерер), но не се жалам, можам да трчам. Како мечот одминуваше, се повеќе го наоѓав ритамот на форхенд и почнав подобро да удирам“, вели Ѓоковиќ и продолжи:
„Мислам дека ова е првпат Федерер да ме гледа, а да победам. Толку долго ја делевме сцената, голема чест ми е што е тука, и убаво е повторно да се види на неговиот најсупешен и најсакан турнир“.
Федерер е рекордер на Вимблдон со осум освоени турнири, Ѓоковиќ има седум, исто колку и Пит Сампрас.