
Каков малер: Димитров беше на прагот да го уништи Синер, но се повреди и предаде!
Италијанецот Синер во овој меч влезе како голем фаворит, но Димитров знае да прикаже големи партии, па така почна и денеска.
Бугаринот го доби првиот сет со 6-3, во вториот беше подобар со 7-5. Течеше третиот сет, беше 2-2 кога Димитров се пожали на силни болки во рамото.
Тој и медицинскиот тим се обидуваа да направат нешто за да го продолжи мечот, но беше безуспешно, не можеше да продолжи да игра, предаде.
Синер во четвртфиналето ќе игра против Шелтон кој со 3-1 беше подобар од Сонего.
Фото: EPA Photo