Фудбалер на Реал заработи страшна повреда, а ривалот не доби ни жолт картон (ФОТО)

Реал Мадрид вчера славеше со 4-1 против Гранада и така ги задржа шансите да ја освои шампионската титула, зашто остана на два бода негатива од лидерот Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан му даде шанса на 20-годишниот Марвин Парк, кој мораше да го напушти теренот поради тешка повреда.

Еден од ривалите стартуваше опасно врз него, при што му го повреди зглобот, а за тоа не доби ниту жолт картон.