„Франс Фудбал“: Реал Мадрид нуди богатство за Мбапе и ќе го урне светскиот трансфер рекорд!

Угледниот француски магазин „Франс Фудбал“ објави денеска дека најтрофејниот европски гигант Реал Мадрид е подготвен да го урне светскиот ркорден трансфер на Нејмар од 222 милиони евра, зашто има подготвено 280 милиони за младата француска суперѕвезда.

„Кралевите“ силно го посакуваат Мбапе и младиот Французин е прв избор на тренерот Зинедин Зидан, иако до враќањето на легендата на „Сантјаго Бернабеу“, прва опција наводно беше купувањето на Нејмар, но Бразилецот не е по вкус на популарниот Зизу.

Реал Мадрид сега се обидува да го убеди ПСЖ за да го купи Мбапе, а неодамна беше објавено дека „кралевите“ веќе почнале преку посредници и да го убедуваат младиот Французин со повисока плата од 15 милиони евра нето, но и со тоа што ако дојде во Мадрид, приходите од спонзорски договори сериозно ќе му пораснат во однос на тоа што го има како заработка досега.

Интересно, дел од француски медиуми објавија и дека ПСЖ е заинтересиран да го продаде Мбапе, ама од Реал инсистирал да се откаже од трката за Матијс де Лихт од Ајакс и од Лука Јовиќ од Ајнтрахд, со цел пребогатите Французи да се засилат со овие двајца. Наводно ПСЖ и Реал ќе се обидат да направат пакт за да бидат „главни“ на трансфер пазарот.

Пред неколку недели првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи изјави дека Мбапе не го продава ни за една милијарда евра, но прашање е дали Флорентино Перез може да го разубеди и да се случи летово нова бомба на фудбалскиот пазар.