
Француски фудбалер се „одјави“ од Турција: Ми се закануваа, поминав низ пекол!
Сент-Максимин предизвика хаос во Турција по тешките зборови кои ги упати кон тимот и го обвини дека сакале да падне на допинг-тест и постојано му се заканувале.
„Имаше секаков вид на манипулации, финансиски проблеми и лажни ветувања. Добивав закани дека ќе ми направат одредени работи. Поминав низ пекол“, раскажува Сент-Максимин.
Французинот пристигна како големо засилување во Фенербахче, меѓутоа не се прослави и на 31 натпревар постигна само четири голови и пет асистенции.