Франческо Тоти ќе биде новиот спортски директор на Рома!

„Принцот на Рим“, Франческо Тоти, легендата која цела кариера ја мина во Рома ќе биде најверојатно новиот спортски директор на „волчицата“ од лето, по веќе извесното заминување на актуелниот спортски директор на клубот Мончи, најавија римските медиуми.

Тоти по завршувањето на кариерата веднаш доби функција во клубот и е директор во Рома задолжен за младинците на клубот. Но, сега по веќе извесното заминување на Мончи во Арсенал, каде ќе соработува со нај Емери, со кој остварија неверојатни резултати со Севилја (три трофеи по ред во Лига Европа), Тоти е првиот фаворит за да седне на една од најзначајните функции во клубот.

Според најавите Тоти ќе биде спортски директор, но негов советник ќе биде Фредерик Масара, кој ќе треба да го воведе во функцијата, која е тотална спротивност од играчката кариера, за во поблиска иднина „Принцот на Рим“ самостојно да се грижи за спортскиот сектор во клубот.

Тоти сега имаше можност да учи од Мончи, а искуството со Масара треба да биде дополнување за потоа самостојно да раководи со главниот клупски сектор. Тој се пензионираше во 2017 година и веднаш стана клупски функционер.