Фалкао заврши со Монако и се сели во Шпанија

По четири сезони минати во дресот на Монако, Радамел Фалкао е подготвен за нов предизвик во кариерата. 

Колумбиецот има понуди од Шпанија, а засега најконкретна е онаа од Валенсија. Неговиот агент Жорге Мендеш има блиски контакти со челниците на „лилјаците“ и најверојатно голгетерот таму ќе ја продолжи кариерата.

Фалкао (33) две сезони играше во Шпанија во тимот на Атлетико Мадрид и се промовираше во еден од најдобрите голгетери во Европа. Претходно играше за Ривер Плејт и Порто, а во Монако се пресели во летото 2013 година. Имаше и две не толку успешни позајмици во Манчестер јунајтед и Челси.